„Руски Букер“ ги објави финалистите за 2015 година

Во петокот, 9 октомври, беше објавена листата на финалисти за наградата „Руски Букер“, изјавија за „Интерфакс“ организаторите на конкурсот.

„Финалисти на „Руски Букер“ се шестмина - Алиса Ганиева („Младоженец и невеста“), Роман Сенчин („Зона на поплава“), Владимир Данихнов („Приспивна“), Јуриј Покровски („Меѓу луѓе“), Александар Снегирев („Вера“) и Гузељ Јахина („Зулејха ги отвора очите“)“, соопштија организаторите за „Интерфакс“.

Името на лауреатот на „Руски Букер“ за 2015 година ќе биде познато на 5 декември.

На чело на жирито оваа година е прозаистот Андреј Волос, а членови се: Денис Гуцко (прозаист, публицист), Максим Кронгауз (филолог, лингвист), Алексеј Машевски (поет, книжевник) и Валерија Пустоваја (критичар).

Добитникот на наградата ќе добие 1,5 милиони рубли, финалистите – по 150 илјади рубли.

Исто така, еден од финалистите ќе добие дополнителен грант за плаќање на превод на англиски јазик и за издавање на неговото дело во Велика Британија.

Годинава „Руски Букер“ се доделува по 24 пат. На конкурсот учествуваат романи објавени во периодот од 16 јуни 2014 до 15 јуни 2015 година. Победник во 2014 година беше Владимир Шаров за романот „Враќање во Египет“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња