Русија нема намера да прави компромис за долгот на Украина

Властите на Русија нема да дискутираат за реструктуризација на украинскиот долг од 3 милијарди долари, изјави висок владин претставник.

„Засега немаме дури ни внатрешни дискусии за реструктуризација на долгот. Мислам дека ќе бидеме принудени во судска постапка да бараме враќање на долгот. Јасно е дека Украина ќе нема можност веднаш да го врати долгот, но не сметам дека треба во тековните услови да го преформулираме врз некакви друг услови, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на изворот.   

Министерот за финансии на РФ Антон Силуанов го потврди цврстиот став на Русија. „Се разбира, имаме цврста позиција, никакви компромиси“, изјави тој.

Средствата од украинскиот долг веќе се пресметани како дел од државниот Фонд за национална благосостојба за 2016 година и Министерството за финансии планира да ги инвестира тие пари во проекти во РФ, изјави Силуанов пред средбата со министерката за финансии на Украина Наталија Јареско во рамките на средбата на „Г-20“ во Лима, главниот град на Перу.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.