Во интервју за BBC Newsnight претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Владимир Путин сака да предизвика глобална нестабилност и ја спореди операцијата на руската авијација во Сирија со ситуацијата во Донбас каде, како што изјави тој, пред 15 месеци се појавила руската војска.
Порошенко сепак, повторно не понуди докази дека руската војска е присутна во Украина.
„Путин предизвикува хаос во светот поради економски проблеми и недостиг на поддршка во земјата“, ги цитира зборовите на Порошенко РИА „Новости“. Притоа, самиот Порошенко според последните истражувања на јавното мислење има поддршка од само 3% од Украинците, не го поддржуваат 33% и „повеќе не го поддржува отколку што го поддржува“ 34% од испитаниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче