Јункер повика на „соодветен“ однос спрема Русија

Според мислењето на претседателот на Европската комисија, воспоставувањето на односи со Русија е „непривлечно, но неопходно“.

Шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер се заложи за намалување на затегнатоста во односите со Москва, соопшти „Дојче Веле“ повикувајќи се на „Ројтерс“.

„Треба да се стремиме кон воспоставување корисни односи со Русија. Тоа не е многу привлечно, но потребно е да се направи. Понатаму така не може“, изјави Јункер во Пасау. Не може да се воспостави целосна согласност, меѓутоа потребно е да се разработи некаква разумна основа за понатамошна дискусија, смета Јункер.  

Тој исто така ја критикуваше позицијата на претседателот на САД Барак Обама, кој ја нарече Русија „регионална сила“. „На Русија треба да се гледа на соодветен начин“, изјави политичарот.

Според неговото мислење, Белата куќа не може да ѝ „диктира“ на ЕУ како да се однесува спрема Русија.

Русите се „горд народ“, кој игра „определена улога“, смета Јункер.

„Не треба да ги отпишуваме, затоа што тие брзо можат да се потсетат за тоа кои се“, додаде Јункер.

Истовремено самата Русија треба да се менува „во големи размери“. „Однесување, како што таа (Русија) се однесуваше на Крим и во Источна Украина, не треба“, смета Јункер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.