Европската унија не ја разгледува можноста за воведување санкции против Русија во врска со ситуацијата во Сирија, изјави за РИА „Новости“ во петокот висок претставник на ЕУ.
Претходно некои медиуми, повикувајќи се на функционер од ЕУ, соопштија дека Европската унија не исклучува примена на нови санкции против РФ во врска со операцијата на руските ВКС во Сирија.
„Не, тоа не се разгледува, апсолутно не“, изјави претставникот на ЕУ, одговарајќи на прашањето дали се можни санкции во врска со активностите на Русија во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче