Претседателот н Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е изненаден од информациите за распоредување руска воздухопловна база на територијата на Белорусија.
„На оваа тема со никого немам разговарано. Ме изненадува, дури во одредена мера и ме навредува, и се прашувам зошто Русите мораа да го пуштат ова во медиумите? Можеби се загрижени што навистина одиме на Запад, за да ја додадат оваа тема за да почне Западот да нѐ прашува или да се посомневаат во тоа дека навистина сакаме да ги нормализираме односите?“, истакна белорускиот лидер.
Тој додаде дека на земјата сега не ѝ е потребна база, а особено воздухопловна.
„Потребно ни е одредено оружје, за што јас на самиот Путин јавно му кажав, а претходно и на Медведев“, рече Лукашенко, а пренесува „РБК”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче