„Форбс“: Санкциите против Русија можат да бидат укинати во март 2016 година

Властите на Германија и Франција се уморни од болниот „развод“ на Украина и Русија и сега ја заземаат страната на Москва, што претставува позитивен сигнал за укинување на санкциите против РФ, пишува „Форбс“.

Неодамнешните случувања на меѓународната сцена укажуваат на тоа дека Русија успешно ја преброди кризата, делумно и благодарение на говорот на рускиот претседател Владимир Путин, пишува магазинот „Форбс“, а пренесува РИА „Новости”.

Според магазинот, се чини дека властите на Германија и Франција се уморни од болниот „развод“ на Украина и Русија. Некогаш беа во самиот центар на судирот, додека сега бираат страна. И, како што велат, токму Русија ја почитува „Минската спогодба“, а не властите во Киев.  

Како што смета директорот на независната инвестициска компанија Bretton Woods Research Владимир Сињорели, сите овие позитивни придвижувања најавуваат укинување на санкциите, можеби уште во првиот квартал на 2016 година. „Доколку за укинување на санкциите се бара само почитување на „Минск 2“, и имајќи го предвид незадоволството од санкциите кај европското население, не би се изненадил ако се зголеми притисокот за продолжување на санкциите во јануари. Според оптимистичките прогнози постои веројатност режимот на санкции да биде укинат во март, а сигурно до јуни 2016година“, вели Сињорели.

Нејасно е дали Украина ќе дозволи легализација на подрачјата во Луганск и Донецк, но војна со бунтовниците по изборите нема да биде во полза на владата на Порошенко, смета аналитичарот, објаснувајќи дека во овој случај етничките Руси ќе изгледаат како жртви, што ќе му овозможи на Путин да инсистира на брзо укинување на санкциите.  

Планот на Франција да ѝ обезбеди на Украина рок од 80 дена за избори во источните делови на земјата, каде таа веќе година дена води војна, претставува пат кон укинување на санкциите“, пишува магазинот. Укинувањето на санкциите ќе отвори нови можности за подобрување на односите меѓу Русија и Европа. Ова ќе биде од полза не само за Русија, туку и за инвеститорите и  европските компании против кои се воведени контрасанкции. Освен тоа, тоа ќе ѝ оди во полза на Украина, чиј интерес е војната да заврши.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.