Хани Рашид од архитектонското биро Asymptote го претстави во Москва проектот за изградба на филијала на Државниот музеј „Ермитаж“ во Москва. Отворањето на Музејскиот центар „Ермитаж-Москва“ се планира за 2022 година.
Според кураторот и раководител на проектот „Ермитаж 20/21“ Дмитриј Озерков, во московската филијала на музејот ќе биде ставен акцент на современата уметност: „Москва не е толку конзервативен град како Санкт Петербург, овде се навикнати на современата уметност и ја ценат на потребното ниво.
Озерков исто така најави и поставка на сликите на импресионистите и постимпресионистите од колекцијата на „Ермитаж“, дела од депоата, како и на современи уметници од Санкт Петербург за кои ќе има одделна галерија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.