Ситуацијата во Сирија нема да се претвори во судир од големи размери меѓу САД и Русија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, пренесува „Взгљад”.
„Претседателот (Барак Обама) јасно даде до знаење дека ситуацијата во Сирија нема да доведе до таканаречена индиректна војна меѓу САД и Русија“, рече Ернест.
Тој истовремено истакна дека „за Русија постои страв дека ќе се вовлече уште подлабоко во сирискиот судир“.
Ернест повторно го истакна ставот дека во Русија постои „мошне голема муслиманска заедница“ која може да биде незадоволна од фактот дека Москва бомбардира муслимани во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче