МО РФ: Американските предлози за координација на борбата против ИД се прифатливи

Министерството за одбрана на РФ ги смета за прифатливи американските предлози за координација на борбата против ИД.

Министерството за одбрана на РФ смета дека предлозите на САД за координација на борбата со „Исламската држава“ можат да бидат прифатени, изјави во средата портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, а пренесува ТАСС.

„Министерството за одбрана на Русија одговори на барањето на Пентагон и оперативно ги разгледа предлозите на Американците за координација на дејствијата во рамките на борбата против терористичката група ИДИЛ на територијата на Сирија. Во целина, дадените предлози можат да бидат прифатени за реализација“, истакна Конашенков.

„Потребно е само да се прецизираат одделни технички детали кои денес ќе бидат дискутирани меѓу претставници на МО РФ и Пентагон на експертско ниво“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња