„Фактички веќе денеска, од технолошка гледна точка, на поквалитетно ниво беше продолжена операцијата на руските вооружени сили за поддршка на сириската армија. Знаете за нашите крстосувачки ракети на Касписката флотила, и истовремено за вестите кои почнаа да доаѓаат од Сирија за офанзивата што ја почна сириската војска со наша огнена поддршка“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.
Песков исто така одговори потврдно на новинарско прашање за тоа дали била договорена траекторијата на ракетите на Касписката флотила преку Ирак и Иран со тие земји, соопшти РИА „Новости“.
Според зборовите на Песков, Путин дал висока оцена за работата на руските војници и нивното борбено ниво.
Претходно во средата сириската армија почна голема офанзива во провинцијата Хама.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче