Конашенков: САД бараат изговор да не се борат против ИД

Некои земји константно бараат причини за одбивање на соработка во борбата против меѓународниот тероризам, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ, генерал-мајор Игор Конашенков.

Во текот на спроведувањето на антитерористичката операција од воздух, руската војска не користи само разузнавачки информации што ги обезбедува сириската страна, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ, генерал-мајор Игор Конашенков. Според неговите зборови, војската добива информации и од други земји, кои помагаат да се уништи инфраструктурата и да се ликвидираат милитантите од „Исламска Држава” (ИД), пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета”.

„Нашите партнери од други земји кои во ИД гледаат реален непријател и ја поддржуваат неговата безусловна ликвидација, активно ни помагаат со свои податоци за базите, складовите, командните пунктови и камповите за обука на терористите. А оние кои имаа, веројатно, поинакво мислење за оваа терористичка организација, константно бараат причини за одбивање на соработка во борбата против меѓународниот тероризам“, изјави Конашенков.

На овој начин портпаролот на Министерството за одбрана на РФ ја коментираше изјавата на американскиот претставник во НАТО Даглас Лут за одбивањето да се обезбедат за Русија разузнавачки податоци што ги има САД за областите во кои се наоѓаат терористите на ИД во Сирија, наводно поради „поддршката на Москва за режимот на Асад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња