Русија и САД подготвуваат документ за соработка на авијациите во борбата против ИД во Сирија

Заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов потенцираше дека документот ќе биде корисен како за коалицијата против „Исламската држава“, така и за руското Министерство за одбрана.

Руски и американски воени претставници подготвуваат документ за соработка на авијациите во операцијата против „Исламската држава“ (ИД) во Сирија, изјави за новинарите заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов, а пренесува ТАСС. 

„За наша жал, Американците засега ја сведуваат нашата соработка само на технички прашања на соработката на нашите пилоти во текот на извршувањето на соодветните мисии. Американците ни предадоа документ на кој работиме. Сакам да кажам дека во Генералштабот овој документ во принцип доби поддршка. Работиме на неговата содржина“, рече Антонов.  

Заменикот-министер потенцираше дека документот ќе биде корисен како за коалицијата против „Исламската држава“, така и за руското Министерство за одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.