„Гаспром“ ќе го намали проектираниот капацитет на гасоводот „Турски тек“ речиси двојно, изјави првиот човек на гасниот монопол Алексеј Милер“, се вели во соопштението на радиостаницата „Комерсант FM“ на Твитер.
Милер ги потврди плановите за изградба на не повеќе од два крака на „Турски тек“, пренесува „Взгљад“.
Првично се претпоставуваше дека меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот „Турски тек“ ќе се потпише за четири краци на гасоводот со вкупен капацитет од 63 милијарди кубни метри, меѓутоа подоцна во медиумите се појави информација дека страните најпрвин ќе се договорат само за еден крак за турскиот пазар со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче