Пентагон: САД нема да разговараат со РФ за борба против ИД поради помошта за Асад

Вашингтон тврди дека руската воена авијација нанесува удари врз „оние групи во Сирија кои не се екстремистички“, изјави претставник на Пентагон.

САД немаат намера да разговараат со Русија за соработка во борбата против „Исламската држава“ во Сирија сѐ додека Москва го поддржува сирискиот претседател Башар Асад, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на Пентагон Мишел Балданса.

„Загрижени сме што Русија продолжува да нанесува удари врз оние групи во Сирија кои не се екстремистички“, изјави Балданса. Според нејзините зборови, Москва „покажува дека на тој начин ја смета поддршката за Асад поважна од борбата против „Исламската држава“.

Амбасадорот на Сирија во РФ Риад Хадад претходно потврди дека ударите се нанесуваат врз терористичките групи, а не врз опозицијата или цивилното население.

„Ние јасно дадовме до знаење дека, ако воените дејствија на Русија бидат фокусирани врз спротивставување на ИД, ние ќе гледаме на тоа како на позитивен чекор. Меѓутоа, сѐ додека РФ е концентрирана на поддршка за режимот на Асад, ние не можеме и нема да разговараме за какви било мерки за соработка“, истакна претставникот на Пентагон.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.