Комоедов: За руска копнена операција во Сирија не може да стане ни збор

Властите на РФ на секој начин го спречуваат одењето на Русите во Сирија за учество во борбените дејствија, потенцираше Владимир Комоедов, претседател на Комитетот на Државната дума за одбрана.

Руските компетентни органи во целост се противат на заминување на Блискиот Исток, особено во Сирија, на граѓани на РФ кои имаат намера да учествуваат во борбени дејствија на едната или другата страна.  

Ова го изјави за новинарите претседателот на Комитетот на Државната дума за одбрана, поранешниот командант на Црноморската флота на РФ Владимир Комоедов, пренесува ТАСС.

„Што се однесува до можните обиди на руски граѓани поради материјални причини или од идеолошки ставови да отиде на територијата на Сирија, Ирак, Либија и други држави во регионот, зафатени од немир и војна по вина на „далекувидната“ политика на САД и да земат учество во борбени дејствија на едната или другата страна, тогаш руските компетентни органи, според податоците што јас ги имам, на секој начин го спречуваат тоа. И правилно прават“, потенцираше шефот на комитетот за одбрана на Државната дума.

Комоедов изјави дека „не може да стане збор за каква било копнена операција во Сирија“. „Тоа е јасно кажано“, додаде тој.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.