Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган смета дека руско-турските односи се загрозени.
„Русија сега се обидува да создаде база во Сирија и истовремено се случува нарушување на нашиот воздушен простор. Ние не можеме да го трпиме тоа. За жал, последниве денови се случија настани кои не ги посакувавме. Тоа во целост им противречи на принципите на НАТО, за тоа веќе беа дадени остри изјави и јас сум убеден дека позицијата на НАТО останува непроменета. Согласно таа позиција, секоја агресија врз Турција се смета како агресија врз НАТО“, изјави Ердоган во текот на својата посета на Белгија на прес-конференцијата во Брисел, пренесува „Взгљад“.
Ердоган истакна дека доброто ниво на односи меѓу Русија и Турција може да настрада поради тие инциденти.
„Ако Русија остане без својот пријател, многу ќе изгуби“, потенцираше турскиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче