Советот на НАТО ја повика РФ „итно да ги прекине нападите врз умерената опозиција“ во Сирија. Ова е денешната изјава на Советот на НАТО по вонредниот состанок за Сирија на ниво на постојани претставници на 28 земји на Алијансата во Брисел, а свикан на барање на Турција.
„Северноатлантскиот совет се сретна денеска за да одржи консултации за потенцијалните последици од последните опасни руски воени дејствија во и околу Сирија“, се вели во изјавата.
„Сојузниците изразија длабока загриженост во однос на руските воени дејствија во Сирија, особено по нападите на руските ВКС врз Хама, Хомс и Идлиб“, се вели во изјавата. Во неа исто така се тврди дека тие „не биле насочени против терористичката организација „Исламска држава“. „Сојузниците ја повикуваат Русија итно да ги прекине нападите врз сириската опозиција“, како и „да ги фокусира своите напори на борба со ИД, а исто така и да промовира решение за конфликтот по пат на политичко предавање на власта“, се истакнува во изјавата.
НАТО смета дека „руските воени дејствија достигнаа поопасно ниво на 3 и 4 октомври како резултат на активностите на авионите Су-24 и Су-30 во регионот Хатај“, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче