Лавров: „Нормандиската четворка“ ги отстрани недоразбирањата околу „Минската спогодба“

Москва очекува реакција од страна на ДНР и ЛНР во врска со одржувањето на локалните избори во нов термин, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Москва засега чека реакција од страна на ДНР и ЛНР во врска со можноста за одржување на локалните избори во нов термин, а во согласност со договорот постигнат во Париз меѓу лидерите на „Нормандиската четворка“. Ова го изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Исходот од преговорите во Париз ги коментираше портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, можам уште еднаш да потврдам дека сме задоволни од разговорот. Убедени сме дека разговорот ги отстрани сите недоразбирања околу она за што станува збор (независно од тоа кој што изјави потоа за своите медиуми), дека е неопходно целосно да се исполни“.

Според збороците на шефот на руската дипломатија, можноста за продолжување на реализацијата „Минск-2“ е второстепено нешто, најважна е суштината на она што треба да се направи.  

„Покрај терминот за локалните избори, клучно значење има обезбедувањето посебен статус за Донбас, при што во рамките на истите параметри договорени во документот, невозможно е тие да бидат избегнати. Тоа треба да биде на постојана основа не за година, не за две, три, тоа е црно на бело запишано во „Минск“.

Лавров обрна внимание и на одредбата за амнестија, а исто така објасни дека претседателот на Русија како посредник ветил дека ќе го пренесе овој комплексен приод по свои канали, со оглед на фактот дека претставници на ДНР и ЛНР не присуствуваа во Париз.

„Претседателот на РФ наложи да се разговара со претставниците на републиките за можноста за одржување на изборите во нов термин. Сега очекуваме реакција“, истакна Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.