„Гардијан“: Руските војници во Сирија ги сметаат за херои

Сиријците во Тартус и Латакија се уверени дека операцијата на руската воена авијација против ИД ќе ѝ стави крај на војната, пишува новинарката Линдзи Хилсам.

Сириските граѓани кои се наоѓаат на териториите под контрола на властите, гледаат на руските војници како на спасители и херои, пишува британската новинарка, меѓународен уредник на вестите на „Канал 4“ (Channel 4 News) Линдзи Хилсам во својата статија за „Гардијан“ што ја пренесува РИА „Новости“.

„Русите се хероите на денот. Луѓето ги поздравуваат странците (Русите) кои пристигнаа кај нив со бодрото руско „Добар ден“ и јавно му искажуваат благодарност на претседателот Путин кој, како што сметаат тие, ќе ги спаси од тероризмот. Многумина сметаат дека Западот ја поддржува ИД“, се вели во статијата.

„Гледаме дека Русите имаат цврста намера да ги победат ДАИШ („Исламска држава“) и терористите, додека Американците и нивната коалиција, како што се чини, немаат таква намера. Минатата година тие (Американците и нивните сојузници) се бореа против тероризмот, но ДАИШ зајакна, а не ослабе, затоа сметаме дека нивната коалиција нема сериозни намери“, ги цитира новинарката зборовите на градоначалникот на Тартус.

Сега жителите на Латакија со интерес ги набљудуваат летовите на руските ловци и се надеваат дека операцијата на Военото воздухопловство на РФ го означува почетокот на крајот на војната, пишува Линдзи Хилсам.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња