Канцеларката на Германија Ангела Меркел смета дека военото вмешување на други земји во сириската криза е неопходно, меѓутоа неопходни се и политички напори во кои Русија и низа други земји можат да извршат важно влијание.
„Воените напори се неопходни во Сирија, но тоа нема да ги реши проблемите. За тоа ни е потребен политички процес. Русија, САД, Саудиска Арабија, Иран, како и Германија, Франција и Велика Британија можат да одиграат важна улога во политичкото решавање на кризата во Сирија“, ги цитира агенцијата „Ројтерс“ зборовите на Меркел.
Руската Федерација на барање на властите во Сирија го вклучи своето Воено воздухопловство во борбата против „Исламската држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче