Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон ја повика Русија да го промени својот став и да ѝ се придружи на коалицијата на САД и Велика Британија против „Исламската држава“. Тој додаде дека Русија треба да признае дека е неопходно на чело на Сирија да дојде некој друг лидер место Асад.
Во интервјуто за радио „Би-Би-Си“ во неделата, Камерон изјави, обраќајќи се до Русија: „Сменете го својот курс, придружете ни се во нападите врз ИДИЛ, но признајте дека, ако сакаме безбедност во регионот, нам ни е потребен друг лидер место Асад“.
Британскиот премиер смета дека сегашните акции на Русија водат кон понатамошна радикализација, зголемување на тероризмот и нестабилноста во регионот. Тој изјави дека поддршката што Русија му ја пружа на Асад е голема грешка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче