Претседателот Президент Российской Федерации Владимир Путин смета дека е важно да не се дозволи оттуѓување меѓу Русија и Германија, Како што соопшти прес-службата на Кремљ, ова тој го изјавил во телеграмата со честитки до претседателот на Германија Јоаким Гаук и канцеларката Ангела Меркел по повод државниот празник – Денот на германското обединување.
„Во сегашната сложена меѓународна ситуација најважно е да не се дозволи заемно оттуѓување и да се задржи позитивниот потенцијал за соработка што се градеше со години“, напиша Путин.
„Пред четвртина век обединувањето на Германија го означи крајот на студената војна во Европа, отвори ново поглавје во историјата на односите меѓу нашите земји“, потенцираше претседателот Путин. Тој високо го оцени развојот на руско-германските врски кои за периодот по обединувањето на Германија дојдоа до ниво на стратешко партнерство, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче