Спроведувајќи ја воената операција против „Исламската држава“ во Сирија, Русија ги штити своите граѓани од заканата на тероризмот, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев. Според неговите зборови, подобро е тоа да се прави во странство, отколку во земјата, пренесува РИА „Новости“.
„Ние го штитиме народот на Русија од заканата на тероризмот, затоа што е подобро тоа да го правиме во странство, отколку да се бориме со тероризмот во земјата“, истакна шефот на државата во програмата на телевизијата „Русија 24“.
Зборувајќи за ситуацијата во Сирија во целина, премиерот изјави дека најважно во врска со ова прашање е да се реши сириската криза по мирен пат, а страните во конфликтот, властите на арапската република и таканаречената опозиција, да седнат на преговарачка маса.
„Најважно е сѐ да се реши со преговори, да се успее да се седнат на иста маса и опозицијата, и властите, и тие да ги изработат предлозите за иднината на Сирија“, изјави Медведев, а пренесува „RT“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче