Договорот за „Турски тек“ ќе биде потпишан во 2016 година

Потпишувањето на меѓувладиниот договор за „Турски тек“ ќе се случи не порано од декември 2015 – јануари 2016 година, смета министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

„Владата во Турција не е формирана, потпишувањето на меѓувладиниот договор за „Турски тек“ (ќе се одржи) по изборите, не порано од декември-јануари“, изјави министерот, пренесува РИА „Новости“.

Во петокот во Истанбул Новак и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Али Риза Алабојун одржаа преговори во рамките на средбата на министрите за енергетика на Г-20. Според зборовите на рускиот министер, биле дискутирани сите прашања што се однесуваат на односите меѓу двете земји во областа на енергетиката: нафтената индустрија, електричната енергија, атомската индустрија.

Новак додаде дека на ниво на експерти и технички специјалисти продолжува работата над текстот на договорот.

„Следната недела ќе се одржат состаноци меѓу стручњаците. Но тоа не значи дека ние дефинитивно ќе се договориме. Дефинитивно ќе се договориме кога новата влада (на Турција) ќе ги оформи позицијата и текстот. Едноставно ние треба сега да подготвиме максимално приближен текст“, истакна министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња