САД сакаат да учествуваат во изборот на целите на руската авијација во Сирија

Секој обид на Русија да нанесе удари по умерената сириска опозиција која се бори со „Исламската држава“, се судира со нашата стратегија за борба против ИД, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Војските на САД и Русија во иднина можат да ги разгледаат потенцијалните цели за бомбардирање во Сирија за да не биде нарушена американската стратегија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, а пренесува „Взгљад”.

„ Секој обид на Русија да нанесе удари по умерената сириска опозиција која се бори со „Исламската држава“, се судира со нашата стратегија за борба против ИД. Ние тоа јасно им го ставивме на знаење на руската страна“, рече Ернест.

Тој не ја исклучи можноста руската и американската војска во иднина да ги разгледуваат потенцијалните цели пред нанесување на удари за да се избегнат ваквите ситуации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња