Медведев: Русија треба засекогаш да се откаже од „стратегијата на преживување“

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев смета дека Русија сега се наоѓа во „ситуација на настанување на нова реалност“.

Русија треба засекогаш да се откаже од моделот на забрзан развој и „стратегијата на преживување“, инаку безнадежно ќе заостане, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, пренесува РИА „Новости“.

Шефот на руската влада истакна дека во услови на надворешен притисок врз руската економија, нестабилност на светската економија и ниски цени на нафтата РФ нема лесно да ја преживее кризата, туку се наоѓа во ситуација на настанување на нова реалност.

Настанатите базични економски и социјални карактеристики ќе го определуваат развојот на светската економија во текот на следните децении, смета премиерот на РФ.

„Русија треба еднаш и засекогаш да се откаже од моделот на забрзан развој, недоволно е едноставно да се следи „стратегијата на преживување“. Во овој случај ние ќе заостанеме, и овојпат безнадежно“, рече Медведев на пленарното заседание на инвестицискиот форум во Сочи.

Тој исто така истакна дека за решавање на овие задачи Русија нема децении, како што имала порано.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња