„Внимателно ја следиме и формалната и содржинската страна на негативното влијание на санкциите“, изјави Лихачов пред новинарите на економскиот форум во Сочи, пренесува РИА «Новости».
„Можам да си дозволам лични процени во бројки. Мислам дека штетата од санкциите за Руската Федерација за овие година и половина приближно се 20–25 милијарди долари, штетата на нашите партнери – и ова е фрапантна бројка за Европската унија – е некаде, мислам, до 100 милијарди долари која ја претрпеа, пред сѐ, компаниите“, истакна Лихачов.
„Колку побргу бидат укинати санкциите, толку подобро, тоа е моето мислење“, додаде заменик-министерот.
„Санкциите имаа минимално влијание врз обемот на бизнисот, без сомнение многу поголемо влијание во бројки имаше колебањето на курсот, со оние промени на цените кои се случија на водечките за нас извозни пазари – тоа се нафтата, нафтените деривати, пазарот на гас, металургијата, производите од петрохемиската индустрија и оние регионални промени кои ние фактички почнавме да ги иницираме пред санкциите“, изјави Лихачов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче