Воени претставници на РФ и САД во најскоро време ќе имаат консултации за Сирија

Војските на двете земји ќе се обидат да исклучат инциденти во текот на борбените дејства во Сирија.

Шефот на МНР РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери се договорија за контакти меѓу војските на РФ и САД, пренесува „Интерфакс“.

„Вооружените сили на нашите земји одржуваат врска. Направивме контакти за да избегнеме секакви инциденти. Нашите вооружени сили треба да ги воспостават во најскоро време“, изјави Лавров на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

„Ќе одржуваме контакт со државниот секретар на САД Џон Кери“, додаде тој.

Војските ќе разменуваат информации за да избегнат инциденти со заемно учество.

Според зборовите на Џон Кери, првите консултации можат да почнат уште денес, во четврток.

Во средата, 30 септември, руското Воено воздухопловство нанесе серија воздушни удари по позициите на „Исламската држава“. Според соопштението на Министерството за одбрана на РФ, како резултат на 20 борбени летови, авионите уништиле складови со муниција, оружје, гориво и воена техника. Исто така тие во целост уништиле командни центри на бунтовниците во планинските региони.

Пред воената операција Русија испрати известување до САД и ЕУ за одлуката да употреби војска против „Исламската држава“ на територијата на Сирија. Покрај тоа, МНР РФ вети дека до заинтересираните страни ќе доставува информација за дејствата на Русија во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.