Русија поднесе предлог-резолуција во СБ ООН за координација на борбата со ИД

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров поднесе во Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција за координација на активностите на сите сили кои се спротивставуваат на „Исламската држава“ и други терористички структури.

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров поднесе во Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција за координација на активностите на сите сили кои се спротивставуваат на „Исламската држава“ и други терористички структури, пренесува „Интерфакс“.

Според Лавров, Русија, САД, Саудиска Арабија, Иран, Турција, Египет, ОАЕ, Јордан, Катар се земјите кои би можеле да дадат придонес во политичкото решавање на сириското прашање. Исто така, корисно би било и вклучувањето на ЕУ и Кина.

Тој истакна дека „таквиот состав на надворешни спонзори кои, дејствувајќи унисоно, е во состојба да им помогне на Сиријците да се договорат поаѓајќи од заедничките цели: да не се дозволи создавање на екстремистички калифат и зајакнување на сириската држава врз основа на национално помирување и договор“.  

Тој потенцираше дека во суштина е важно „таквата координација да се потпира врз одлука на Советот за безбедност во согласност со Повелбата на ООН“.

Лавров исто така апелираше да се стави ИДИЛ на антитерористичкиот список со санкции на СБ.

„Одолговлекувањето на одлуката за ова очигледно прашање станува контрапродуктивно од гледа точка на ефективноста на антитерористичките напори на ООН“, изјави рускиот шеф на дипломатијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.