Медиуми: Саудиска Арабија бара да запрат руските воздушни напади во Сирија

Саудиска Арабија е вознемирена од дејствијата на Русија во Сирија, изјави постојаниот претставник на земјата во ООН Абдала ал-Муалими.

Саудиска Арабија бара да запрат воздушните напади на Военото воздухопловство на Русија во Сирија, го цитира телевизијата „Ал Арабија“ постојаниот претставник на таа земја во ООН Абдала Ал-Муалими.

„Бараме таа (операцијата на ВКС РФ)  да биде запрена итно и да не се повторува“, го цитира постојаниот претставник агенцијата „Ројтер“ повикувајќи се на телевизијата.

Ал-Муалими изјави, настапувајќи на Генералното собрание на ООН, дека Саудиска Арабија е вознемирена од дејствијата на РФ во Сирија, пренесува телевизијата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.