Ирак и Саудиска Арабија сакаат да купат околу 1500 „БМП-3“

Завршена е испораката на „БМП-3“ за Кувајт, изјави првиот потпретседател и косопственик на концернот „Тракторние заводи“ Алберт Баков.

Ирак планира да набави од Русија 500 борбени возила за пешадијата „БМП-3“, Саудиска Арабија сака да купи 950, соопшти за ТАСС првиот потпретседател и косопственик на концернот „Тракторние заводи“ Алберт Баков.

„Имаме барање од Ирак за 500 возила „БМП-3“, како и од Саудиска Арабија за 950 единици“, изјави Баков.

Според неговите зборови, Русија завршила и со испораката на „БМП-3“ за Кувајт, меѓутоа не го наведе бројот на испорачани возила.

Баков исто така изјави дека Русија и Индија ја разгледуваат можноста за заедничко создавање на борбено пешадиско возила од последна генерација во индиско претпријатие.

„Тоа може да се реализира, но засега нема конкретно решение“, изјави Баков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.