Советот на Федерацијата даде согласност претседателот на Русија да употреби војска во Сирија

Русија во Сирија ќе го употребува исклучително Военото воздухопловство, изјави шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов.

Советот на Федерацијата даде согласност претседателот на Русија да ги употреби Вооружените сили на РФ во Сирија, изјави шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов.

„Советот на Федерацијата едногласно го поддржа предлогот на претседателот (Путин) со 162 гласа „за“, изјави тој.

Русија во Сирија ќе го користи против „Исламската држава“ исклучително Военото воздухопловство на барање на претседателот на Сирија Башар Асад, изјави Иванов.

„Воена цел на операцијата е исклучително воздушна поддршка на сириските Вооружени сили во нивната борба против ИДИЛ“, објасни тој.

Оваа операција на ВВС ќе има времена рамка, додека видот на оружјето што ќе се користи не се соопштува, додаде Иванов.

Претходно претседателот на РФ Владимир Путин поднесе до Советот на Федерацијата предлог за прифаќање на указот на СФ за согласност за употреба на контингент на Вооружените сили на РФ надвор од границите на територијата на земјата врз основа на општоприфатените принципи и норми на меѓународното право, соопшти Кремљ, а пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.