Путин: „Исламската држава” ја прогласи Русија за свој непријател

Треба да се бориме и да ги уништуваме терористите на териториите кои ги освоиле, не треба да чекаме да ни дојдат дома, изјави Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека терористичката организација „Исламска држава” веќе одамна ја прогласи Русија за свој непријател, пренесува „Газета.Ru”.

„Не е тајна дека таканаречената „Исламска држава“ одамна ја прогласи Русија за свој непријател“, изјави Путин.

Тој истакна дека на страната на терористите се борат илјадници луѓе од различни земји. „Ако тие постигнат успех во Сирија, тие неминовно ќе се вратат во своите земји, ќе дојдат и во Русија“, изјави рускиот претседател.

Затоа, единствениот вистински начин на борба со меѓународниот тероризам - а во Сирија и на територијата на нејзините соседни земји вршат злосторства токму банди меѓународни терористи - е дејствувањето однапред. Треба да се бориме и да ги уништуваме терористите на териториите кои тие ги освоиле, а не треба да чекаме да ни дојдат дома“, изјави Путин.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.