Пентагон го одби руското барање за повлекување на американската авијација од Сирија

Коалицијата на чело со САД ги продолжува воздушните напади во Ирак и Сирија, и покрај барањето на руската страна да го избегува воздушниот простор на арапската република, соопшти Пентагон.

Министерството за одбрана на САД соопшти дека Русија барала од Америка нејзините авиони да го избегнуваат воздушниот простор на Сирија, но Вашингтон одбива да го стори тоа.  

Коалицијата предводена од САД ги продолжува воздушните напади во Ирак и Сирија, и покрај барањето на руската страна да се избегнува воздушниот простор на арапската република, соопшти Пентагон, а пренесува „Взгљад”.

„Иако би ја поздравиле конструктивната улога на Русија во овие напори, денешниот демарш не покажува дека таа игра таква улога и на ниеден начин нема да ги смени своите операции. Тоа исто така ја истакнува неопходноста за итно одржување на преговори за да се избегнат конфликтни ситуации“, изјави претставник на американското министерство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња