МНР Сирија: Имаме целосна доверба во Русија и Путин

Шефот на сириската дипломатија Валид Муалем додаде дека нема ни најмалку доверба во САД и нивната коалиција која, според неговите зборови, без резултати извршија 9 илјади воздушни напади врз Сирија и Ирак.

Раководството на Сирија има целосна доверба во односот на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин Сириската Арапска Република, изјави во средата министерот за надворешни работи на оваа земја Валид Муалем.

„Без сомнение, ние имаме целосна доверба во ставовите на Русија и претседателот на Русија Владимир Путин, кој ги објасни своите намери што се однесува до борбата против тероризмот“, изјави сирискиот министер за RТ Arabic, а пренесува РИА „Новости”.

Шефот на сириската дипломатија додаде дека нема ни најмалку доверба во САД и нивната коалиција која, според неговите зборови, без резултат изврши 9 илјади воздушни напади врз Сирија и Ирак.

Претходно амбасадорот на Сирија во Москва Риад Хадад изјави дека коалицијата на САД и нивните сојузници не постигнала никакви резултати.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња