Чуркин: Во зградата на ООН сѐ се потчинува на наредбите на Обама

Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави дека во зградата на ОН во Њујорк сѐ се потчинува на наредбите на Обама.

Учеството на Косово на антитерористичкиот самит на САД во ООН покажува непочитување спрема оваа организација и спрема генералниот секретар Бан Ки Мун лично, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин.

„Претставниците на Косово седат во салата заедно со членовите на ОН, што е потполно погрешно. Такви работи да се прават во зградата на ОН едноставно покажува непочитување спрема ОН и грубо непочитување спрема генералниот секретар на ОН”, истакна рускиот дипломат, а пренесува „Взгљад”.

Чуркин изјави дека фактот дека претставниците на Косово се повикани на конференција во седиштето на ОН зборува за тоа дека „во таа зграда сѐ се потчинува на наредбите на Барак Обама“, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Косово не може да стане член на ООН поради ветото на Русија во Советот за безбедност на ОН, истакнува агенцијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња