Светски медиуми: Путин го надмудри Обама

„Њујорк Тајмс“ смета дека Владимир Путин го надмудри Барак Обама по повод сириското прашање, предлагајќи „широка меѓународна коалиција против „Исламската држава“.

Тоа беше судир на два различни погледа на кризата во Сирија, пишуваат светските медиуми за вчерашните настапи на Путин и Овама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува РИА „Новости”.

Весникот „Гардијан“ пишува дека „руски претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама во понеделникот ги изнесоа своите различни поглед во врска со решавањето на сирискиот конфликт. Обама бараше соборување од власта на сирискиот претседател, а Путин предупреди дека одбивањето соработка со актуелните власти на Сирија може да биде грешка“.

Статијата на интернет-изданието на влијателниот германски весник „Шпигел“ е насловена како: „Обама и Путин во ГС ОН – двајца луѓе, два света“.

„Говорот на Путин покажа дека тој сака Русија повторно да биде во центарот на светската заедница и рамноправна со Соединетите Држави“. Но, авторот на текстот доаѓа до заклучок дека веројатноста двете земји да почнат да соработуваат не е поголема од претходно.  

„Вол Стрит Џурнал“ обрна внимание на зборовите на Путин дека не станува збор за некакви руски амбиции и изданието сфаќа зошто руската страна „не може повеќе да ја поднесе ситуацијата што настана во светот“.

Германски „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ во зборовите на Обама дека е подготвен да соработува со Русија најде признание дека обидот да се победи ИДИЛ заврши со неуспех.  

„Фајненшел Тајмс“ смета дека САД треба да преговараат со Русија по зборовите на Путин за тоа дека „режимот на Асад игра главна улога во борбата против „Исламската држава“, а исто така виде и оправдани критика од рускиот претседател поради поддршката за „умерените бунтовници“ од опозицијата.  

„Њујорк Тајмс“ смета дека Владимир Путин го надмудри Барак Обама по повод сириското прашање, предлагајќи „широка меѓународна коалиција против „Исламската држава“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња