Путин: Односите со САД се на многу ниско ниво

Односите меѓу Русија и САД се на многу ниско ниво, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со неговиот американски колега Барак Обама.

Односите меѓу Русија и САД се на многу ниско ниво, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со американскиот колега Барак Обама.  

„По повод денешната средба можам да кажам дека беше многу корисна и, што особено ме радува, многу отворена“, ги цитира неговите зборови РИА „Новости”.

Путин не се согласи со мислењето на новинарите дека долго немал контакти со Обама. Едноставно, немаше, како што рече, „контакти пред камера“. Имаше и телефонски разговори и средби на меѓународните форуми, кратки состаноци, но секогаш се зборуваше за важни меѓународни прашања и билатералните односи, нагласи Путин.

„Контактите не се прекинуваа и по тој повод не треба да се шпекулира“, заклучи Путин.

По повод вчерашниот разговор, Путин рече дека се најдени допирни точки, но несогласувањата остануваат: „Несогласувањата во принцип се познати, нема потреба да ги повторуваме. Но, ми се чини, постои можност да се работи на заедничките проблеми“, изјави претседателот на Русија.

„Односите меѓу Русија и САД, за жал, остануваат на многу ниско ниво. Тоа е јасно и без моите коментари. Но тоа не е наша иницијатива. Тоа е став на нашите американски партнери. Мислам дека тоа е лошо за билатералните односи и за светот, но таков е изборот на САД. Ние сме секогаш подготвени за развој на односите“, нагласи Путин.

Рускиот претседател додаде дека политиката на санкции и изолација во современиот свет не може да биде ефикасна: „Од самиот почеток зборуваме дека политиката на санкции и изолација во современиот свет не може да биде ефикасна и дека целите по правило не се постигнуваа, Ако зборуваме за таква земја како што е Русија – тоа (изолација) е  едноставно невозможно. Па доволно е да се погледне географската карта“, заклучи Путин.

Разговорот меѓу Барак Обама и Владимир Путин траеше 1 час и40 минути, наместо планираните 55/ На почетокот на средбата пред новинарите претседателите на Русија и САД не проговорија ниту збор.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.