Медиум: САД ја користат „руската закана“ за милитаризација на Европа

Американските и европските официјални лица постојано лажат за непостојната руска агресија во Украина, додека Москва не загрозува никого, туку делува како главниот миротворец на континентот, пишува „Global Research”.

Откако бројот на членки на НАТО од 1999 до 2009 година се зголеми од 16 на 28, Вашингтон ги користеше нивните територии за распоредување на воени бази, кои од  Естонија, Латвија, Литванија и Полска направија полигони за подготовка за потенцијални судири со Русија. Како што смета писателот и новинар Стивен Лендман, американските и европските официјални лица постојано лажат за непостојната руска агресија во Украина, додека Москва не загрозува никого, туку делува како главниот миротворец на континентот, пишува „Global Research”, а пренесува „RT”.

„Вашингтон претставува закана за светот, безбедноста и стабилноста на целата планета. Неговата непроменлива програма се заканува со несогледливи последици – можниот нуклеарен Армагедон”, пишува новинарот.

Според неговите зборови, превратот предизвикан од страна на Вашингтон, а потоа и нападот на Киев врз Донбас се користи како изговор да се обвини Москва за сите злосторства. Како што претходно пишуваше „Дојче Виртшатс Нахрихтен“, редовното споменување на „руската закана“ се користи за да се оправда распоредувањето на американски сили во источна Европа, спроведување големи воени вежби во близина на руските граници и да ги натера членките на НАТО да го зголемат својот буџет за одбрана.

Покрај тоа, пишува Лендман, германските медиуми соопштија дека САД планираат да распоредат моќни термонуклеарни бомби „Б61“ во воздухопловните бази, на што Русија може да одговори со распоредување на свои оперативно-тактички ракетни системи „Искандер-М” во Калининград.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.