Медиум: Руски бомбардери Су-34 слетаа во Сирија

Во воената база покрај Латакија слетаа шест бомбардери Су-34, а претходно и 28 руски јуришни авиони, пренесува „The Aviationist“.

Во воената база покрај Латакија слетаа шест бомбардери „Су-34“, а претходно и 28 руски јуришни авиони, пренесува „The Aviationist“.

Како што пишува изданието, бомбардерите придружувале авион „Ту-154“ на военото воздухопловство на Русија кој влегол во воздушниот простор на Сирија. Изворот се повикува на податоци добиени од радарско набљудување.

Како што јавуваат странските медиуми, на аеродромот кај Латакија продолжува изградбата на руска воздухопловна база која ќе се употребува за давање помош на војската на Башар Асад во борбата против терористите, па и против забранетата во Русија „Исламска држава”.

Американските разузнавачки служби тврдат дека во воздухопловната база има повеќе десетици воени авиони, четири бомбардери „Су-24“, 12 јуришни „Су-25“ и 12 ловци-бомбардери „Су-30“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња