Лавров: Русија им предложи на САД координација на воздушните напади врз ИД

Сите оние кои се борат против терористички групи како што е ИД, треба да ги координираат своите акции, како што Русија им предложи на САД, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Русија им предложи на САД и коалицијата со помош на информативниот центар во Багдад да ги координираат воздушните напади врз „Исламската држава“, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, пренесува „Взгљад”.

„Како прво, ние работиме со владите на Ирак, Сирија и Иран. Го отворивме таканаречениот информативен центар во Багдад кој ќе се користи за пренос на податоците што ги имаат Сирија, Ирак, Иран и Русија”, рече Лавров во интервју за „RT”.

„Веруваме дека сите оние кои се борат против терористички групи, како што е ИД и други групи, треба да ги координираат своите акции. Тоа не треба да биде заедничка команда. Тоа е нереално, а претседателот Путин му го објасни тоа на претседателот Обама кога се сретнаа“, ги коментираше Лавров резултатите од средбата на Путин со Обама во Њујорк.

Истовремено, тој рече дека акциите на терен, како и воздушните напади, треба да се усогласат. „Мислам дека тоа би требало и да може да помогне во борбата против тероризмот. Ние им понудивме на САД и американската коалиција да помогнат во координирањето на активностите за да се усогласат воздушните напади кои тие планираат да ги извршат со акциите на копнените сили“, рече Лавров.

„Затоа што коалицијата дејствува само со помош на воздушни напади, но на копно против ИД, Ал Нусра и другите се борат војските на Сирија и Ирак, како и курдските групи во овие земји“, рече министерот за надворешни работи на Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња