Сирискиот претседател Башар Асад се обратил до Русија со молба за воена помош, соопшти шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов, пренесува „Взгљад”.
„Сакам да ве информирам дека претседателот на Сириската Арапска Република се обрати до раководството на нашата земја со молба да се пружи помош на неговата земја”, рече Иванов.
Според неговите зборови, дозволата на Советот за Федерација за испраќање на Вооружените сили на Русија надвор од земјата не го крши меѓународното право.
„За да се почитува меѓународното право, мора да биде исполнет еден од двата услова: или резолуција на Советот за безбедност на ОН, или барање од земјата за давање на воена помош, а чија територија е нападната“, истакна шефот на администрацијата претседателот на РФ.
Иванов рече дека одлуката во врска со ангажирањето на Вооружените сили во странство се однесува на заштитата на интересите на Русија. „Прво, и можеби најважно е дека се работи конкретно за Сирија, и не станува збор за постигнување какви било надворешнополитички цели, ниту за задоволување на какви било амбиции, за што редовно нѐ обвинуваат западните партнери, туку ние зборуваме исклучиво за националните интереси на Русија“, рече Иванов.
„Бројот на руски граѓани и имигранти од земјите на ЗНД кои се, за жал, со терористичката организација ИД, расте од час на час. Некои од нив се вратија на територијата на Руската Федерација и јасно е дека ќе продолжат да се враќаат на нашата територија. Затоа е препорачливо да се биде проактивен и да се дејствува надвор од границите на земјата, за да не мораме подоцна да со соочуваме со овој проблем во Русија. Тоа е, можеби, и најважно“, додаде Иванов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче