Во неделата, 27 септември, во Сочи беа отворени Меѓународните игри за лица во инвалидска количка и Сочи за лица во инвалидска количка и со ампутации (IWAS). На натпреварите кои првпат се организираат во Русија пристигнаа 600 учесници од 37 земји во светот. Игрите ќе траат до 2 октомври, пишува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Игрите IWAS во летни дисциплини за лица со хендикеп на мускулно-скелетниот систем се одржуваат двапати годишно. Овие натпревари претставуваат една од најважните етапи за квалификациите за Параолимписките летни игри. Спортистите се натпреваруваат во шест дисциплини: лесна атлетика, пинг-понг, стрелање со лак, пливање, туркање на рака и паратеквондо.
Руската делегација на натпреварувањата е најбројна, со 196 спортисти.
„Многу сакаме колку што е можно повеќе од нашите параолимпијци да освојат лиценци и да ја претстават нашата земја зашто останува помалку од година за Параолимписките игри во Рио де Жанеиро“, објасни заменик-министерот за спорт на РФ Јуриј Нагорних.
Сочи е главниот центар за подготовка на руските параолимпијци. Од 7-16 март 2014 година градот на брегот на Црното море беше домаќин на Зимските Параолимписки игри. На 24 септември 2015 година на патеката за „Формула 1“ – „Сочи Аутодром“ – се одржа трка во полумаратон за спортисти во инвалидски колички.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче