Путин предлага антитерористичка коалиција како антихитлеровската

Претседателот на РФ Владимир Путин во својот говор во ООН се осврна и на опасноста од „Исламската држава“.

„Веќе е очигледно дека вакуумот на власта што настана во низа земји на Блискиот Исток и Северна Африка доведе до формирање на зони на анархија кои веднаш почнаа да се пополнуваат со екстремисти и терористи“.

„Под знамето на таканаречената „Исламска држава“ веќе војуваат десетици илјади борци, вклучително и ирачки војници кои како резултат на инвазијата врз Ирак во 2003 година беа исфрлени на улица“.

ИД не никна на празно место, туку ја одгледаа како оружје против непосакуваните режими, изјави претседателот на Русија.

„Откако создаде отскочна даска против Сирија и Ирак, ИД активно ја проширува експанзијата врз другите региони, се стреми кон доминација во исламскиот свет и јасно е дека не се ограничува само на тие земји. Ситуацијата е повеќе од опасна“, смета рускиот претседател.

„Во таква ситуација е лицемерно и неодговорно да се настапува со громогласни изјави за опасноста од меѓународниот тероризам и притоа да се замижува пред каналите за финансирање на тероризмот, вклучително и од нарко-бизнисот, нелегалната трговија со нафта, оружје, или да се обидува да се манипулира со екстремистичките групи, да се стават во своја служба за постигнување сопствени политички цели“.

Одбивањето на соработка со сириската армија е грешка, потенцираше претседателот Путин. Тој особено истакна дека никој реално не се бори против ИД во Сирија освен владата на Асад и курдските доброволци.

„Русија секогаш цврсто и континуирано се истапувала против тероризмот во сите негови форми. Денес ние им даваме воено-техничка помош и на Ирак, и на Сирија, на другите земји во регионот кои водат борба со терористичките групи“.  

„Реално ние предлагаме да се раководиме не од амбициите, ами од заедничките вредности и заедничките интереси, врз основа на меѓународното прав да ги обединиме напорите за решавање на новите проблеми што стојат пред нас“.  

Затоа Путин предлага создавање антитерористичка коалиција со активно учество на арапските земји.

„Како и антихитлеровската коалиција, таа би можела да сплоти во своите редови најразлични сили, подготвени одлучно да им се спротивстават на оние кои, како и нацистите, сеат зло и омраза кон човекот. И, се разбира, клучни учесници во таквата коалиција треба да бидат муслиманските земји, зашто „Исламската држава“ не само што претставува за нив директна закана,  туку и со своите крвави злосторства ја сквернави најголемата светска религија – Исламот“, потенцираше рускиот претседател.

Би сакал да се им се обратам на муслиманските духовни лидери: сега се многу важни и вашиот авторитет, и вашиот учителски збор. Потребно е да се заштитат луѓето, кои бунтовниците се обидуваат да ги врбуваат, од непромислени чекори, а на тие што биле измамени и поради разни околности се нашле во редовите на терористите, треба да им се помогне да го најдат патот до нормалниот живот, да го остават оружјето, да ја прекинат братоубиствената војна.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња