Путин: Целта на санкциите е отстранување на конкуренцијата на пазарот

Претседателот на Русија во текот на своето обраќање до Генералното собрание на ОН изјави дека санкциите не служат само за политички цели, туку и за отстранување на конкуренцијата од пазарот.

„Денеска речиси како норма станаа унилатералните санкции со заобиколување на Повелбата на ООН, тие не само што служат за политички цели, туку и како начин за отстранување на конкурентите од пазарот“, изјави рускиот претседател.

Ќе истакнам уште еден симптом на растечкиот економски егоизам. Низа земји тргнаа по патот на затворени, ексклузивни економски сојузи, при што преговорите за нивното создавање се одвиваат во кулоарите, потајно и од сопствените граѓани, од сопствените деловни кругови и јавноста, но и од другите земји“.

„Изгледа дека сите нас сакаат да нѐ соочат со фактот дека правилата на игра се сменети, сменети повторно во полза на тесен круг одбрани, притоа без учество на Светската трговска организација. Тоа е може да доведе до дисбаланс на трговскиот систем, до рушење на глобалниот економски простор“, изјави рускиот претседател.

Путин апелираше да се посвети внимание на единствениот економски простор во Евроазиската и Европската унија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.