Министерството за енергетика на РФ го поддржа VII Меѓународен Форум на снабдувачи за атомската индустрија „АТОМЕКС 2015“

Од 13 до 15 октомври во Москва ќе се одржи Форумот „АТОМЕКС 2015“.

Форумот  „АТОМЕКС 2015“, кој ќе се одржи во Москва од 13 до 15 октомври, по седми пат ќе ги собере експертите и клиентите во атомската индустрија, најголемите снабдувачи, претставници на државни и општествени структури, како и раководители на организации заинтересирани за набавка од претпријатијата на „Росатом“.

Министерството за енергетика на РФ ја поддржа иницијативата на Државната корпорација „Росатом“ за одржување на „АТОМЕКС 2015“. Според зборовите на министерот за енергетика Александар Новак, платформата на форумот ќе им овозможи на учесниците да дискутираат за најактуелните прашања на откупната дејност и да изнајдат заеднички решенија за нејзино усовршување, а згуснатата работна агенда на манифестацијата ќе овозможи зацврстување на постојните и воспоставување нови контакти меѓу снабдувачите и нарачателите.

Форумот традиционално ќе се одржи во форма на меѓународна конференција и изложба. Организатор на манифестацијата е Државната корпорација „Росатом“, а оператор – компанијата „Атомекспо“.

 Детали за учество на Форумот на сајтот на манифестацијата: http://www.atomeks.ru/

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња