Претседателот на Иран Хасан Рухани изјави дека Русија го дели ставот дека политичките реформи во Сирија се можни единствено по победата над тероризмот во таа земја.
Како што пренесува „Ројтер, зборувајќи во Њујорк, Рухани изјави дека може да се зборува за политички реформи во Сирија „откако тероризмот во земјата ќе биде победен“. Русија, според неговите зборови, ги има „истите приоритети“.
„Тоа не кажува дека на сириската влада не ѝ е потребна реформа. Се разбира дека ѝ е потребна“, изјави Рухани.
Според зборовите на иранскиот претседател, Русија е „подготвена да се бори со тероризмот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче