Путин зборуваше за руското присуство во Сирија

Претседателот на РФ Владимир Путин во интервјуто за американскиот новинар Чарли Роуз за телевизиите „Си-Би-Ес“ и „Пи-Би-Ес“ зборуваше за руското присуство во Сирија.

Претседателот на РФ Владимир Путин во интервјуто за американскиот новинар Чарли Роуз за телевизиите „Си-Би-Ес“ и „Пи-Би-Ес“ зборуваше за руското присуство во Сирија. Мал дел од интервјуто може да се погледне  на сајтот на претседателот на Руската Федерација, соопштува „Лента.ру“.

„Што се однесува до нашето, како што рековте, присуство во Сирија, тоа денес се изразува преку испорака на оружје за сириската влада, преку обука на персоналот, преку давање хуманитарна помош за сирискиот народ“, истакна рускиот лидер.

Путин потенцираше дека Русија поаѓа „од основните принципи на современото меѓународно право, согласно кое помош, ваква или онаква, вклучително и воена помош, може и треба да им се дава исклучително на легитимните влади на едни или други земји, со нивна согласност или на нивно барање“.

Тој забележа дека „во дадениов случај станува збор за барање на сириската влада за давање воено-техничка помош, што и го правиме во рамките на апсолутно легалните меѓународни договори“.

Одговарајќи на прашањата на новинарот, Путин изјави дека „ние се обидуваме да создадеме некаква координативна структура“. „Јас лично ги информирав за тоа претседателот на Турција, кралот на Јордан, Саудиска Арабија. (...) Нашите воени претставници во контактите меѓу нив ја дискутираат оваа тема. Нам ќе ни биде мило ако најдеме општа платформа за заеднички дејствија против терористите“, изјави претседателот на Русија.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.