Лавров и Кери имаа средба во Њујорк

Шефот на МНР РФ Сергеј Лавров изјави дека САД се подготвени да работат со Москва, вклучително и на проблемот со ИДИЛ.

Шефот на МНР РФ Сергеј Лавров изјави дека САД се подготвени да работат со Москва, вклучително и на проблемот со ИДИЛ, пренесува „Интерфакс“.

„Постои желба да се работи заедно и по дипломатска, и по воена линија. Мислам дека колку повеќе и поредовно се дискутира за овие прашања на професионално ниво, толку поедноставно ќе биде да се реши најсложениот проблем што стои пред сите нас“, изјави тој, коментирајќи ги резултатите од неговите разговори со државниот секретар на САД Џон Кери од средбата што се одржа во Њујорк во хотелот „Њујорк палас“.

Освен тоа, Лавров му предал на Кери материјали во кои е направена споредба на „Минск-2“ и она што е направено во врска со тоа од страните во конфликтот во Украина.

„Дискутиравме за ситуацијата во Украина, им предадовме на нашите американски колеги аналитички материјал со споредба на она што беше напишано во „Минск-2“ од една страна, и од друга страна, на она што е направено во практика. Џон Кери уверуваше дека задолжително ќе го проучи тој документ до средбата со претседателот и ќе го подготви својот раководител за сериозен разговор“, изјави шефот на МНР РФ.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.